Започнете го денот со бурек и шолја јогурт и уживајте во вкусот.




Состојки:
- 500 гр готови кори
- 150 гр рендана шунка / салама
- 120 гр кашкавал
- 100 гр кечап
- 200 мл млака вода
- 100 мл масло
- 1/2 пециво




Подготовка:
Подмачкајте тркалезен плех со масло, а потоа намачкајте ја првата кора и ставете ја на дното. Истурете го пецивото во вода и промешајте. Следната кора намачкајте ја малку со четка, малку стуткајте ја во хармоника и ставете ја на првата кора. Направете го истото со втората кора и наредете во плех додека не се потроши половина количина од корите.




Потоа одозгора намастете со масло и истурете уште малку одозгора од водата со пецивото и малку премачкајте ги корите. Врз корите ставете шунка, кечап и кашкавал. Ако сакате, можете да додадете малку оригано.




Потоа наредете ги останатите кори една по една и секој ред навлажнете го со вода и масло. Покријте со последната кора одозгора и навлажнете повторно. Печете во загреана рерна на 200 степени 30 минути. По 15 минути, покријте го со фолија за да не изгори одозгора. Исечете врел бурек и послужете со јогурт.
Добар апетит!