Мека и вкусна, ќе ве врати во детството, во некое убаво и безгрижно време. Оваа пита сите ја обожаваат…
Доколку сте носталгични доволно е да ја приготвите оваа пита и со мислите да се навратите на вашето омилено место и време…
Состојки:
- 30 г квасец
- 300 мл млака вода
- 1 лажица шеќер
- 2 лажици брашно
- 1 лажичка сол
- 550-600 г брашно Т400
- 400-500 г сирење (домашно, кравјо)
- 2 јајца
- 2 лажици маст
- 30 мл јогурт
Начин на подготовка:
Во подлабок сад издробете го свежиот квасец и растворете го во 300 мл млака вода. Додадете две лажици брашно и една лажица шеќер, па промешајте убаво да нема грутчиња. Оставете на топло 10-тина минути да се активира квасецот и да запени.
Потоа додадете сол, па со постепено додавање на брашното замесете го тестото. Најпрво мешајте со лажица, а на крај замесете го тестото со рака. Намстете го, покријте го и оставете го да стасува 35-40 минути додека да се удвои.
Потоа истурете го на набрашнета површина, формирајте го во топка и поделете го на два дела. Секој дел развлечете го во кора и преку цела површина премачкајте ја кората со растопена маст. Сирењето издробете го виљушка и помешајте го со едно јајце.
Преку кората рамномерно нанесете половина од сирењето, па свиткајте ја во ролат. Во тепсијата каде ќе се пече растопете лажица маст да се намасти целото дно. Ролатот сечете го на парчиња и редете ги во тепсијата. Постапката повторете ја и со вториот дел од тестото.
Едно јајце разматете со 20-30 мл јогурт. Со оваа смеса премачкајте ја питата одозгора и оставете ја да стаса.
Потоа ставете ја да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 35 минути.