Пита од тава: Мека, сочна и готова за помалку од половина час!

Вреди да се проба:

Реклама

Ако ви треба брз оброк и сакате да поминете помалку од половина час во кујна, тогаш направете ја оваа пита од тава.

Рецептот е толку едноставен што дури и децата можат да си го направат. Ако ви треба нешто брзо и лесно, тогаш оваа пита нека биде ваш избор. Можете да ја јадете за појадок или вечера, но и за ужина.

Реклама

Никогаш поедноставен рецепт за пита со сирење. Пробајте и уверете се!

Состојки:

  • 3 јајца
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка мелен црвен пипер
  • 100 гр рендан кашкавал
  • 4-5 кора

Подготовка:

Изматете ги јајцата и зачинете ги со сол. Додадете мелен црвен пипер и рендан кашкавал и добро промешајте.

Реклама

Корите исечкајте ги на парчиња и потопете ги во смесата. Добро промешајте за да се накиснат убаво иситнетите кори во смесата.

Потоа истурете ја смесата во намаслено тавче и печете на оган. Покријте со капак и печете ја питата по 5 минути од двете страни.

Послужете со чаша јогурт.
Во продолжение погледнете го видеото.

- Advertisement -

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -