ПИТА ОД СТАР ЛЕБ: Сиромашно јадење со толку богат вкус!

Вреди да се проба:

Реклама

Кога ќе ви остане леб од вчера, не фрлајте го, туку пробајте го ова штедливо, но фантастично јадење.

Потребни се нешто повеќе од половина час за да се направи оваа фантастична гибаница од сув леб! Со малку фантазија и малку време, стариот леб што инаку би го фрлиле ќе добие сосема нов вкус!

Реклама

Состојки:

  • 1 векна сув леб
  • 500 гр сирење
  • 50 гр путер
  • 3 јајца
  • 300 мл млеко
  • 150 мл кисела вода
  • масло
  • сол, мелен црн пипер

Подготовка:

Лебот исечкајте го на парчиња и на секое парче отсечете ги краевите за да добиете форма на коцка. Сирењето се ренда ситно, па се додаваат јајцата, путерот, киселата вода и се меша додека не се добие хомогена смеса.

Секое парче леб потопете го во млеко и наредете го во подмачкан сад, па премачкајте го со фил. Преку него наредете уште еден ред леб потопено во млеко.

Реклама

Печете 30 минути на 225 степени. Гибаницата исечкајте ја на парчиња, па секое парче украсете го со лажица павлака.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -