Реклама
Совршена комбинација на вкусови за ручек, вечера или кога и да ви се допадне ова вкусно јадење, кое е готово за половина час.




Состојки:
Кора од компир:
Реклама
- 5-6 средни компири
- сол и бибер по вкус
- 1 лажичка лук во прав
- 1 јајце
Фил:
- 1 кромид
- 4 пиперки црвени и зелени
- 4 јајца
- 1 чаша јогурт
- 100 гр рендан кашкавал
- 130 гр рендана шунка
- по желба сол и бибер
Подготовка:




Вклучете ја рерната на 180 степени. Излупете и изрендајте ги компирите. Ставете јајце во нив, и потоа сол и бибер и лук во прав по вкус. Оваа смеса ставете ја на дното на плехот во кој ќе печете во кој претходно сте ставиле хартија за печење. Вака печете го компирот на 180 степени 20 минути.
Реклама




Кромидот и пиперките исецкајте ги ситно па малку пропржете ги да омекнат. Во сад изматете јајца, рендана шунка, кашкавал, 1 чаша јогурт, додадете го кромидот со пиперките кои ги испрживте и се убаво измешајте. Додадете сол и бибер по вкус. Печете уште 20 мин на 180 степени.




Пријатно!