Пиперки со сенф: Деликатес на трпезата!

Вреди да се проба:

Пиперките со сенф ќе бидат новиот хит на трпезата оваа зима.

Испробајте нов и превкусен начин за подготвока на пиперките, Овојпат со сенф. Уживајте.

- Advertisement -

Состојки: За 5  тегли

  • 3 кг црвено-жолти пиперки
  • 6 главици кромид
  • 1 главица лук
  • 1/2 литар оцет
  • 1/2 вода
  • 4 супени лажици шеќер
  • 2-3 лажици сол
  • 1/2 л масло
  • 1/2 кг сенф

Подготовка:

Пиперките добро измијте ги, извадете ги стеблата и семките, па исечете ги на стапчиња. Излупете го кромидот и исечете го на долги парченца. Излупете го и ситно исечкајте го лукот.

Во тенџере сварете оцет, вода, шеќер и сол, и кратко поварете ја пиперката и кромидот. Потоа извадете ги од тенџерето и оставете добро да се исцедат. Постапката повторете ја додека не се сварат сите пиперки и кромид.

Посебно со миксер измешајте ги маслото и сенфот.Изладениот зеленчук измешајте го со изматениот сенф. Складирајте ја смесата во тегли и добро затворете. Најдобро се сервира со месо, намачкано на леб…

Пријатно!

 

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!