Пиперки полнети со сирење. Деликатес без мана.




Состојки:
- 8 мали жолти пиперки
- 300 гр сирење
- крем павлака по желба
- 3-4 јајца
- сол
- малку масло




Подготовка:
Измијте ги пиперките добро и извадете ги дршката и семето. Сирењето изгмечете го со вилушка, па додајте ги јајцата едно по едно, додека не се направи течна цврста маса за полнење (може да се додадат 1-2 лажици крем по желба) .Во смесата за полнење додадете сол по вкус.




- Advertisement -
Подмачкајте соодветна тава со малку масло. Наполнете ги подготвените пиперки со подготвената смеса, па ставете ги во подмачкан сад за печење и во рерна. Печете во загреана рерна на 200 степени 45-50 минути.




Сервирајте топло или ладно. За да го направите процесот на полнење побрз и уреден, истурете ја подготвената смеса во шприц или вреќа за полнење и наполнете ги пиперките со неа.




Добар апетит!