Реклама
Омилена салата во зимските денови.




Состојки:
- 40 пиперки
- 2 чешниња лук
- масло
- оцет
- магдонос по вкус.
Подготовка:
Измијте ги и исушете ги пиперките, прелијте ги со масло и печете ги во рерна на 200 степени околу 30-40 минути.
Реклама




Исчистете ги печените пиперки од семките, исфрлете ги стебленцата и оставете да се изладат и исцедат. Потоа наредете во стерилизирани тегли како што следува:




Прво, наредете ред пиперки, потоа сол по вкус, потоа истурете масло и оцет и посипете со ситно исечен кромид и магдонос. Повторете го процесот додека не се потроши целиот материјал.
Реклама




Оваа количина е доволна за 5-6 тегли со средна големина.
Пријатно!