Убавиот ручек е важен за многумина, а за некои е уште поважна крцкавата пилешка кора. Затоа, ви предлагаме едноставен начин на подготовка на пилешко месо, какво не сте пробале.




Состојки:
- 1 цело пиле
- 1 грст крупна сол




Подготовка:
Измијте го пилешкото и исушете го со крпа. Ставете 1 полна рака сол во плехот за печење (без масло) каде што пилето ќе лежи на градите. Потоа ставете го пилето одозгора врз солта и притиснете за добро да легне.




Загрејте ја рерната на 180 степени Ц, ставете го пилето да се пече и оставете го така на еден час печење. Доколку имате поголемо пиле (ако тежи повеќе од еден килограм, продолжете го времето за печење за десет до петнаесет минути).




- Advertisement -
Извадете го, оладете, исечете и послужете. Оставаме на вас да изберете прилог со ова вкусно пиле.




Пријатно!