Мммм, ова сочно пилешко од рерна е едноставно неодоливо! Брза и лесна подготовка, а вкусот е совршен!




Состојки:
- 800 гр пилешко бело месо
- 200 мл павлака за готвење
- 200 мл кисела павлака
- 100 гр сирење рендано
- 200 гр кашкавал
- Зачини по желба




Подготовка:
Пилешкото бело месо исечете го на тенки стекови и наредете го во огноотпорен сад. Стопете ја киселата павлака на ниска температура и додадете и ја неутралната павлака и соединете.
- Advertisement -




Тргнете ги од шпоретот и додадете го изренданото сирење и зачини по вкус. Промешајте се добро да се соедини.
Истурете половина од павлаката над месото, а потоа наредете друг ред месо и прелијте ја со остатокот од смесата со павлака. Одозгора изрендајте го кашкавалот и печете на 220 C околу 30 минути да зарумени. Послужете топло.




Пријатен апетит!