Пилешкото со компири во бешамел сос е одлично решение за ручек кога немате инспирација.




Комбинацијата од месо и компир е една од омилените на нашите простори. Кога немате инспирација и време да подготвите ручек, пилешкото и компирите се секогаш идеално решение. Пилешкото месо нуди бројни можности за подготовка, а ќе се согласите дека е највкусно во комбинација со зеленчук и бешамел сос.




Состојки:
За бешамел сосот:
- 60 гр путер
- 60 гр брашно
- 500 мл млеко
- сол, бибер
Друго:
- 500 гр пилешко бело месо
- 5 поголеми компири
- 1 кромид
- 2 чешниња лук
- сол, бибер
Подготовка:




Пилешкото исечкајте го на тенки шницли, па посолете ги и оставете ги во фрижидер 20 минути. Во меѓувреме, излупете ги компирите и исечете ги на прстени. Тавата во која ќе печете намачкајте ја со масло, па наредете ги компирите.




Кромидот и лукот исечкајте ги ситно, па рамномерно распоредете ги врз компирите. Извадете го пилешкото од фрижидер, па секој стек исечете го на два или три дела. Наредете го пилешкото преку компирите, додадете малку вода и печете околу 30 минути.




Во меѓувреме подгответе го бешамел сосот. Во мало тенџере ставете путер да се растопи. Истурете го брашното во путерот и измешајте, кратко пропржувајќи го брашното. Постепено додавајте топло млеко и мешајте за да избегнете грутки. Додадете сол и бибер по вкус, па варете на тивок оган до саканата густина.




Извадете ги пилешкото и компирите од рерна, а потоа прелијте ги со сосот и вратете ги во рерна 10 минути.