Зелка и пилешко се добра комбинација за здрав оброк.




Заедно со другиот зеленчук ќе добиете јадење кое ќе ве засити, а нема да се чувствувате надуено. Можете да го јадете за ручек или вечера.




Состојки:
- 200 гр пилешко бело месо
- 500 гр зелка
- 200 гр домат
- 1 морков
- 3 чешниња лук
- сол
- бибер
- смеса од суви зачини
Подготовка:




Белото месо исечкајте го на коцки, па малку пропржете го на загреано масло и продолжете да крчкате со млака вода додека не омекне. Извадете го готовото месо и оставете го топло.




Во сокот од манџата ставете крупно исечкана зелка и продолжете да ја динстате додека не омекне. Во речиси готовата зелка посолете, забиберете, ставете од билниот зачин, ситно сечканиот лук, ренданиот морков и излупениот домат исечкан на коцки.




Убаво промешајте и продолжете да крчкате неколку минути. Во огноотпорен сад се става зеленчукот, врз зеленчукот се става белото месо и се ставаат пилешкото и зелката во загреана рерна на 200 степени да се печат околу 30 минути.
Пријатно!