Реклама
Сочно пилешко кое оди одлично со секој прилог и за секоја пригода.




Состојки:
- 600 гр пилешки гради
- сол
- бибер
- мешавина од зачини
- половина лажичка мајчина душица
- 4 исушени чили пиперчиња
- 4 чешниња лук
- 100 мл бистра супа
- 50 гр суви домати
- 200 мл неутрална павлака
- 60 гр пармезан




Подготовка:
Пржете ги пилешките гради во масло. Кога ќе завршите, ставете го месото настрана и на таа маст испржете мајчина душица, чили пиперки и лук. Додадете ја супата, а потоа и сувите домати.
Реклама




Ставете ја неутралната павлака, промешајте малку и на крај додадете пармезан. Вратете го месото и комбинирајте ги состојките 5-10 минути. Послужете со ориз.




Добар апетит!