Реклама
Без разлика дали ќе го направите за време на работната недела или за свечена пригода, ова јадење ќе ги воодушеви сите што ќе го пробаат.




Состојки:
- 500 гр пилешко филе
- 1 кесичка крем супа од печурки
- 200 мл павлака за готвење
- малку сол
- сирење (по избор)
Подготовка:




Пилешките филети исечкајте ги на тенки шницли (нема потреба да ги обработувате со чекан). Содржината од крем супата од печурки истурете ја во подлабок сад, па во неа превртете ја секоја шницла. Ставете ги во подмачкан огноотпорен сад.
Реклама




Намачкајте го стекот со неутрална павлака и сол по вкус. По желба изрендајте малку сирење. Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу половина час, а потоа намалете ја температурата и оставете ги да се печат уште 15 минути. Послужете со варен зеленчук и салата.




Пријатно!