Овој брз рецепт е идеален за домаќинки кои имаат неочекувани гости.




Состојки:
- околу 300 до 400 грама пилешко бело месо
- 50 грама стопен маргарин
- 5 лажици кисела павлака
- 1 лажица сусам
- 3 чешниња лук / можеби и повеќе ако сакате
- 4 варени компири
- вегета
- сол
- бибер или некој зачин по желба
Подготовка:




Пилешкото бело месо исечкајте го на шницли. Зачинете со вегета или сол. Добро истријте за добро да се впие. Можете да додадете и бибер по вкус за да добиете подобар вкус.




Земете огноотпорен сад и на дното наредете ги компирите кои претходно сте ги излупиле и исечкале на кришки. Потоа додадете малку сол или вегета. Одозгора наредете го белото месо кое сте го потопиле во растопен маргарин.




Потоа во сад ставете ја павлаката и во него ставете сусам, вегета, бибер и лук. Се убаво измешајте и ставете врз пилешкото. Кога ќе ја потрошите павлаката убаво израмнете и јадењето е спремно за печење. На почетокот ставете ја фолијата преку тавата да не изгори веднаш. Печете околу 30 минути. Кон крајот на печењето извадете ја фолијата малку да се запече.




Пријатно!