Реклама
Ако немате многу време и немате идеја што да подготвите, ова е одличен предлог.




Состојки:
- 3 пилешки филети
- 2 дцл млеко
- брашно
- 30 гр путер
- малку масло
- сол, бибер
- оригано
Подготовка:




Исечете го месото на потенки стекови, посолете го со сол и бибер, па извалкајте го во брашно. Стопете го путерот во тава и додадете го маслото, а кога ќе се загрее, додадете го месото.
Реклама




Пржете го месото, а потоа додадете го млекото, зачинете повеќе и додадете оригано. Покријте и вријте на тивко околу 10-12 минути. Потоа отстранете го капакот, зголемете ја температурата и динстајте уште 10 минути. Со ова јадење можете да подготвите прилог компири или ориз.




Пријатно!