Реклама
Ова е рецепт за малку поинакво, но и вкусно пржено пилешко месо. Ако ви здосади стандардниот начин на пржење месо, сменете го рецептот.




Ви предлагаме да испржите пилешко филе во тесто чија главна состојка е пивото.
Реклама
Состојки:
- 200 грама остро брашно
- 2 јајца
- 300 ml пиво (по избор)
- 600 грама пилешко филе
- зачини по желба: сол, бибер, вегета, слатка или мелена пиперка




Подготовка:
Во длабок сад измешајте ги изматените јајца, брашното, зачините и пивото по избор.
Оставете ја смесата да отстои десетина минути.
Реклама




Пилешкото филе исечкајте го на пошироки стапчиња и зачинете по желба, па потопете го во смесата за панирање и пржете во претходно загреано масло неколку минути од двете страни.
Ова пилешко идеално ќе оди со сос со мајонез и павлака, а како прилог можете да направите и варени млади компири.




Извор: stil.kurir.rs