Пилешки уштипци – Одличен рецепт за вкусен ручек, готов за миг!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Кога веќе не знаете што да направите за ручек, уморни сте или немате доволно месо, направете пилешки уштипци.

Со пилешките уштипци можете да го направите апсолутно секој гарнир кој го обожавате, без разлика дали станува збор за спанаќ, грашок, печен или пржен компир или пак пире од компири. Одлично се комбинираат со се.

- Advertisement -

Состојки:

  • 1 пилешки стек со средна големина
  • 3 јајца
  • 5 лажици масло
  • 1 лажичка сенф
  • 1,5 лажичка сол
  • половина лажичка црн бибер
  • 3 полни лажици брашно
  • 1/2 лажичка мелен лук
  • 1/2 лажичка црвен пипер
  • зачини (1/2 лажичка куркума, малку ѓумбир во прав, полна лажица сув магдонос)

* Последните зачини може да бидат по ваш вкус

Начин на подготовка:

Пилешкото бело месо насечете го на многу ситни парченца. Доколку сте во можност можете и да го смелете.

Изматете ги јајцата со сенф, сол, бибер и масло. Додадете ги останатите зачини заедно со пресеаното брашно. Измешајте ги убаво сите состојки со маталка, додека добиете убава хомогена смеса без грутки.

Во оваа смеса ставете го иситнетото пилешко месо и добро промешајте ја смесата. Потоа оставете ја да отстои еден час во фрижидер.

Во тава за пржење загрејте го маслото на умерен оган. Потоа со лажица вадете ги пилешките уштипци од смесата и спуштајте ги во тавата со загреано масо. Пржете ги од двете страни додека убаво не поруменат.

Испржените уштипци вадете ги од тава и ставете ги на салфетка, за да се впие вишокот маснотии.

Сервирајте додека се топли.

Пријатно!

Извор: domacirecepti.net

- Advertisement -

Последни рецепти

Домашен леб како од пекара, рецепт од познатиот готвач – крцкав однадвор, внатре мек како душа

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак...

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!