Пилешки батаци во соја сос и сусам: Зачинети, сочни и меки како душа!

Вреди да се проба:

Реклама

Пилешки батаци, прсти да излижете!

Состојки:

  • 500 гр пилешки батаци
  • 1 лажица сув зачин
  • 2 лажици пченкарно брашно
  • 2 лажици меко бело брашно
  • 1 лажичка мелена црвена пиперка
  • 1/2 лажичка лук во прав
  • 1 лажичка сушен лист магдонос
  • 1/2 лажичка бибер
  • 1/2 лажичка масло
  • 75 мл соја сос
  • 2 лажици сусам
  • 2 чешниња лук
  • куркума
  • 50 мл вода

Подготовка:

Измешајте пченка и бело брашно, сув зачин, црвен пипер, лук во прав, магдонос, куркума и бибер и се измешајте. Одделете ги батаците од бутовите и исечете малку. Во оваа смеса превртете го секое парче месо посебно.

Реклама

Истурете го маслото во мало тенџере. Користиме помало и подлабоко тавче и сипуваме повеќе масло. Се пржат на средна топлина, вртејќи помеѓу 15 и 20 минути. Оставете на хартиена крпа да се исцедат.

Во тава истурете 3 лажици масло, па додадете го издробениот лук. Пропржете го една минута, потоа додадете го сусамот, па промешајте една минута и потоа прелијте со соја сос и вода. Оставете да зоврие и ставете ги батаците и бутовите во тавата за се да се натопат убаво во сосот.

Реклама

Покријте и оставете на многу тивок оган да се варат малку заедно. Потоа превртете го месото, повторно поклопете и исклучете го огнот. Се останато од зачини ставете во тавата да се соединат вкусовите и послужете топло.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -