Салата што може да биде целосен оброк.
Состојки:
- 350 гр пилешко готвено или печено месо
- 3 лажици мајонез
- 180 гр грчки јогурт
- 50 мл бело вино
- 1 лажиче џем од лимон
- 2 лажици кари во прав
- 2 стебленца целер
- 2 парчиња млад кромид
- 50 гр суво грозје
- сол по вкус
- бибер по вкус
- сок од лимон малку
Подготовка:
Исечете ги пилешките гради на коцки и ставете ги во сад за салата. Додадете исечен кромид и целер и суво грозје, па промешајте.
- Advertisement -
Направете прелив од мајонез, јогурт, вино, џем, кари во прав и сол. Комбинирајте го сето ова добро, а потоа прелијте го пилешкото и зеленчукот и добро измешајте.
Доколку е потребно, додадете повеќе сол и бибер и додадете сок од лимон. Ставете ја салатата во фрижидер да се излади добро. Послужете на чинија со зелена салата.
Добар апетит!