ПИЛЕШКА ПАСТРМАЈЛИЈА со ТОПЕНО СИРЕЊЕ И КАШКАВАЛ: Направете нешто различно од класичниот рецепт и уживајте во вкусот!

Вреди да се проба:

Реклама

Совршен вкус за преубав ручек со семејството.

Состојки:

  • 600-700 гр брашно
  • 1 чаша минерална вода
  • 1 коцка свеж квасец
  • 50 мл масло
  • 70 гр шеќер
  • 30 гр сол
  • 280 гр маринирано пилешко месо
  • 3 лажици топено сирење
  • 150 гр кашкавал

Подготовка:

Во подлабок сад се става млака минерална вода во која се растопува квасецот. Се додава: шеќер, сол и масло и состојките добро се мешаат со рака. Потоа постепено се додава брашно и се замесува тесто. Откако тестото добро ќе се измеси се остава да отстои најмалку 24 часа во фрижидер.

Реклама

Откако ќе отстои тестото, земете го со рака и со палците формирајте венец. Со прстите полека се извлекува тестото накај венецот и се добива долгнавеста форма како кајче.

Тестото се става во тава и се премачкува со 3 лажици топено сирење. Одозгора се реди сечкано маринирано пилешко месо и рендан кашкавал. Се пече околу 10-тина минути во претходно загреана рерна на максимум температура.

Реклама

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -