Уживајте во крцкавите стапчиња со необичен вкус. Брз и вкусен појадок за целото семејство.




Состојки:
- 300 гр брашно
- 20 гр квасец
- 100 мл млеко
- 100 мл јогурт
- малку сол и шеќер
- 2 лажици масло
- 100 гр маргарин
- 100 гр меко сирење
- 2 лажици павлака
- 1/2 лажичка мелена црвена пиперка
- 150 гр шунка
- 50 гр колбас
- жолчки за премачкување
- семиња и крупна сол
Подготовка:
Растворете го квасецот во млако млеко, додадете шеќер, масло, половина брашно и сол. Добро изматете си миксер, а потоа додадете го остатокот од брашното и замесете мазно тесто.




Покријте да се одмори половина час, а потоа измешајте го малку и поделете го на 5 топчиња. Измешајте сирење и павлака, додадете мелен црвен пипер и ситно исечкана шунка.
Првата топка растегнете ја на набрашнета маса во правоаголник. Врз него изрендајте замрзнат маргарин, а потоа расукајте ја втората топка и покријте ја првата, итн. Маргарин не се ренда на последната расукана топка.




Исечете го тестото на половина со нож, а потоа ставете ја едната половина во другата. Расукајте добро со сукало, премачкајте со сирење и павлака и посипете со сечкана шунка. Исечете ленти ширина од 1 см, а потоа завиткајте ја секоја лента и наредете ја во плех.




Покријте и вклучете ја рерната на 200 ° С. Кога стапчињата малку ќе се одморат, премачкајте ги со жолчка од јајце, посипете ги со семиња, крупна сол и по желба ким. Печете околу 20-25 минути.




На здравје!