ПИВАРКИ со ореви на старински начин: Вкус кој не се заборава!

Вреди да се проба:

Реклама

Овој стар рецепт за пиварки ги буди спомените од детството. Толку се неодоливо вкусни и сочни, се топат во уста. Верувајте вреди да се проба…

Состојки:

  • 250 мл сончогледово масло
  • 250 мл пиво
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 прашок за пециво
  • 120 гр гриз
  • 600-630 гр брашно
  • 1/2 мала лажичка цимет (по желба)

Потребни состојки за шербет:

  • 1 мала лажичка сок од лимон
  • 700мл вода
  • 600-700гр шеќер (кристал)
  • 300 гр мелени ореви (или кокос)
  • јатки од ореви
  • домашен густ џем

Подготовка:

Во садот ставете ванила, цимет, масло и пиво. Убаво измешајте ги состојките а потоа додадете гриз, пециво и брашно.

Реклама

Се замесува тесто, кое не се лепи за рацете. Потоа тестото се дели на на 40 мали топчиња.

Секое топче се расукува со сукало, па се додава мармалад и јатка од орев. Се мотаат во ролни како кифлички.

Реклама

Се редат во намаслен плех и се печат додека не поруменат, околу 30 минути на температура од 200 степени целзиусови. Откако ќе се испечат пиварките се оставаат да се оладат.

Во меѓувреме се прави шербетот. Во тенџере се истура шеќер, вода и сокот од лимон и се става на оган да се готви. Се остава смесата да врие околу 5 минути. Кога ќе биде готов шербетот, се истура врз оладените пиварки.

Треба ги да отстојат 2 до 3 часа во шербетот, со повремено вртење на пиварките и потопување во шербетот.

- Advertisement -

На крај одозгора се посипуваат со мелени ореви (или кокос) и послужете ги.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -