Во италијанската кујна, овој вид печурки се општо познати како ”Porcini” и се користат при приготвување на рижото, давајќи му одличен вкус.




Вргањот е печурка која буди најмногу интерес кај љубителите и собирачите на печурки. Може да се најде во периодот од месец јуни до месец ноември во листопадни и зимзелени шуми.
Потребни состојки:
- печурки врган,
- оцет,
- вода,
- сол,
- црн пипер во зрно,
- ловоров лист,
- маслиново масло, квалитетно ладно цедено




Начин на подготовка:
Најпрво добро исчистете ги печурките. Во тенџере направете смеса од три состојки, вода,малку оцет и сол по желба во зависност од количината на печурките. Тенџерето ставете го на оган да зоврие, па во моментот кога ќе зоврие додадете ги печурките и оставете ги да вријат уште десет минути на тивок оган.




Прецедете ги од течноста и оставете ги убаво да се исцедат, исушат и оладат. Земате стерилизирани тегли (околу половина час на 100 степени во рерна) па започнете со полнење.




Ставете ред печурки, па црн пипер во зрно и ловоров лист, повторно ред печурки, па ловоров лост и бибер и сè така додека да се наполнат теглите.




На крај ги дополнувате со маслиново масло (квалитетно ладно цедено), протресете убаво за да се иполнат сите празнини, а потоа херметички затворете ја теглата.




Пробајте, прекрасно е!