Реклама
Лесно и брзо се прави и уште побрзо се јаде!




Состојки:
- 300 гр печурки
- 1 кромид
- 2-3 моркови
- масло, бибер
- 3 чешниња лук
- 200 мл павлака
- зачин, сол
- лист од магдонос




Подготовка:
- На масло пржете ситно исечен кромид и додајте исечен морков на прстени. Потоа додадете шампињони исто така исецкани на листови и додадете малку вода, а потоа вријте 20-тина минути на тивок оган додека не испари целосно водата.




- Додадете зачин, мелен пипер и на крај измешајте ја павлаката.



Исклучете го шпоретот, а потоа додадете исечен лук и лист од магдонос.




Добар апетит!