Толку е вкусно што нема да можете да дочекате да се излади. Се јаде за тој час.




Состојки:
- 4 јајца
- 1/2 лажичка сол
- 100 мл масло
- 200 мл јогурт
- 10 лажици брашно
- 10 лажици палента
- 1 прашок за пециво
- 200-250 грама сирење
- 150-200 грама спанаќ
Подготовка:




Јајцата се матат со половина лажичка сол додека не станат пенести. Додадете масло и повторно изматете. Потоа додаваме јогурт, мешаме, па додаваме брашно, палента, пециво и мешаме додека масата не се изедначи.




На крајот го додаваме спанаќот, претходно измиен и исечкан на ленти и крупно издробеното сирење.Мешајте додека да се изедначи смесата и истурете во правоаголен калап кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.




- Advertisement -
Се пече на 180 степени околу 40 минути зависи од вашата рерна. Послужете го во секое време со јогурт или павлака!
Пријатно!