Ова не само што се супер вкусни и лесни за правење, туку се и здрави. Кој може да одолее на крцкавите тиквички?
Пржените тиквички не се баш најповолни доколку сакаме здрава исхрана, затоа ви го подготвуваме овој рецепт како здрава опција на омилениот чипс од тиквички, се прави со малку маслиново масло и сол, а се потпекуваат во рерна.
Состојки:
- 2 тиквички средна големина
- маслиново масло
- сол по потреба
Подготовка:
Исечкајте ги тиквичките на на тенки кружни лентички, а потоа наредете ги на една крпа, а одозгора покријте ги со друга, за да се впие влажноста која ја имаат.
Загрејте ја рерната на 110 степени целзиусови.
На тава за печење ставете хартија за печење и наредете ги тиквичките така што ќе има малку простор околу нив и нема да се преклопуваат.
Потоа со четка нанесете маслиново масло на секое парче и наросете сол врз нив. Може да додадете и други зачини по вкус, како оригано, чили или кари.
Печете 2 часа, додека почнат да добиваат кафена боја и веќе не се меки туку се крцкави.
Откако ќе се испечат оставете да се оладат и послужете со некој сос.