Подгответе вкусно свкинско месо со пиво, печено во дурна. Нема да може да одолеете на овој вкус.




Состојки:
- 1 свински бут
- половина чаша квалитетно пиво
- 2-3 лажици мајонез
- сенф
- лук
- 300 мл вода
- крупна сол
- црн пипер
- суви зачини (Вегета)
- Начин на Приготвување
Начин на подготовка:
Расечете го месото плитко на површината на закосени линии.




Во секоја засекотина вметнете ситно исечкан лук и мајонез. Целиот бут премачкајте го со сенф.
Ставете го тава во која сте додале половина чаша вода и и залијте со половина од пивото. Затворете го со фолија.
Печете го бутот на 180Ц час и половина до два часа.




Отстранете ја фолијата и залијте го бутот со остатокот од пивото. Посолете со солта и зачините.
Продолжете да го печете (без фолијата) и преливајте со сосот секои 20 минути додека не добие кора и златно црвена боја.




Откако ќе го откриете месото може да додадете крупно сечени компири, тиква и кромид и да ги испечете заедно со месото.
Добар апетит!