Овоа е наједноставниот начин за подготовка на карфиол во рерна. Може да се послужи со некој сос или како прилог со некое месо. Но може да го служите и самостојно, бидејќи изобилува со протеини и е идеален оброк за оние кои се на диета.
Состојки:
- 1 голема главица карфиол исечен на цветови
- 3 јајца
- 1 лажица путер
- 100 гр павлака
- 200 гр мешан кашкавал
- 450 мл полномасно млеко
- малку сол
- мелен црн пипер
- 1/2 лажиче сув сенф
- рендан пармезан по потреба
- 100 гр козјо сирење (за сервирање)
Подготовка:
Искинете ја главицата карфиол на цветчиња, ставете ги во тенџере со малку посолена зовриена вода и оставете ги да се варат околу 10 минути, или додека да омекнат. Потоа убаво исцедете ги.
Намачкајте ја тавата за печење со путер. Наредете го карфиолот во тавата за печење, во еден слој, и зачинете ги со црн пипер.
Во големо тенџере, загрејте го млекото и путерот на средна топлина. Изматете го сенфот заедно со јајцата и павлаката. Додадете сол и црн бибер.
Непосредно пред млекото да зоврие, тргнете го оган. Измешајте го заедно со изматените јајца и павлака.
Кога ќе се изедначи смесата промешајте ја убаво и прелејте ја врз подготвениот сад со карфиолот. Одозгора посипете го пармезанот.
Печете 20 минути, во претходно загреана рерна на 200 степени. Се пече додека течноста да испари.
Потоа извадете ја тавата од рерна и наредете ги врз карфиолот исечените ленти кашкавал и печете уште 5-10 минути, додека кашкавалот да се стопи и да добие златнокафеава боја.
Оставете да одмори неколку минути пред сервирање.
Послужете со парче козјо сирење.