Печено јагнешко со рузмарин и лук – Идеално за семејната трпеза!

Вреди да се проба:

Реклама

Еве како да приготвите вкусен ручек со јагнешко месо.

Состојки:

  • 1,5 кг јагнешко
  • 2 гранчиња рузмарин
  • 4 чешниња лук, исечкани на 12 парчиња
  • маслиново масло
  • 800 г компири, излупени, исечкани
  • 600 г тиква, излупена, исечкана на парчиња од по 5 см
  • 6 кромиди излупени
  • 350 мл говедска супа од коцка
  • 120 мл бело вино
  • 30 г брашно

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Со мало остро ноже зарежете го јагнешкото по површината и направете отвори долги 2 см и длабоки 3 см. Во отворите ставете ги парчињата лук и половина од искршените гранчиња рузмарин. Ставете го месото во голема тава за печење. Попрскајте го со 2 лажици масло. Зачинете со црн пипер. Печете 20 минути.

Реклама

Извадете го од рерната. Наредете ги компирите, тиквата и кромидот околу јагнешкото. Попрскајте со масло и додајте го во тавата остатокот рузмарин. Печете 1 час за да биде средно печено, или уште половина час за да биде добро печено.

Пренесете го јагнешкото во чинија. Убаво обвиткајте го со фолија. Оставете го така 15 минути. Во меѓувреме, продолжете да го печете зеленчукот уште 10 минути, или додека да позлати и да стане крцкав. И него пренесете го во сад и покријте го со фолија за да остане топол.

Реклама

Измешајте ја супата од коцка со виното. Од тавата за печење извадете 1 лажица од мрснотијата и ставете ја во тава на рингла. Ставете ја тавата на висока температура. Додајте го брашното. Мешајте со дрвена лажица 1 до 2 минути, или додека смесата да почне да пушта меурчиња. Додајте го сокот од јагнешкото. Полека додајте ја мешавината од супа и вино, повремено мешајќи. Варете 8 до 10 минути, или додека смесата да згусне.

Исечете го јагнешкото на парчиња. Сервирајте со печениот зеленчук и сосот.

Пријатно јадење!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -