Печено пилешко што ќе се залепи за прстите.
Печено пилешко дефинитивно е едно од најомилените јадења, а веруваме дека отсега, според овој рецепт, ќе го подготвувате почесто.
Состојки:
- 1 пиле поголемо
- сол и бибер
- соја сос
- 2 лажици крем за готвење
- малку мелен црвен пипер
- 3 чешниња лук
- масло
Зеленчук за гарнир:
- помфрит
- моркови
- карфиол
- тиквички
Подготовка:
Исечете го пилешкото на долниот дел каде што е белото месо, па намачкајте го и посолете го добро. Истурете 2 лажици соја сос во сад. Скршете го лукот и оставете го во малку вода да отстои, а потоа додадете ја само течноста во сосот од соја. Вметнете мелен црвен пипер, бибер, малку масло и промешајте.
Премачкајте го пилешкото со тоа и на крај премачкајте со две лажици крем за готвење. Истурете ја остатокот од маринадата во зеленчукот, кој ќе го исечете на поголеми парчиња.
Подмачкајте тркалезна тава со малку масло и наредете го зеленчукот. Над него ставете ја решетката и пилешкото одозгора. Печете на 200 степени Ц околу еден час, доколку е потребно, и оставете го пилешкото убаво да се пече, а зеленчукот да порумени. Совршенство.
Добар апетит!