Ако не сакате да ги вртите истите рецепти секоја недела, тогаш подгответе печено пилешко со сирење.




Кога ќе ви снема инспирација за ручек, само отворете го фрижидерот и направете го највкусното јадење од храната што ја имате во него. Пилешкото исечкајте го на поголеми парчиња, а потоа пропржете го. Во тавче наредете бело месо, сирење и доматен сос. Можете да користите и излупени домати. Ќе направите одличен оброк за помалку од половина час. Одлично оди со макарони, пире од компири, но и со салата по избор.
Состојки:
- 800 гр пилешко филе
- 300 мл сок од домати
- 260 гр сирење




Подготовка:




Месото исечкајте го на ленти и пропржете ги. Во садот истурете 1/3 сок од домати, па ставете половина од месото. Преку нив наредете парчиња сирење, а потоа повторно 1/3 сос од домати.




Повторно додадете го преостанатото месо, сирењето и прелијте го садот со преостанатиот доматен сос. Се пече во загреана рерна на 220 ° C 15 минути. Зачинете го месото по желба. Полесно здравје!




Пријатно!