Реклама
Совршен рецепт за појадок или можеби пак за вечера.




Состојки:
- 5 јајца
- 1 црвена пиперка
- 100 г кашкавал
- малку масло за готвење
- малку сол, црн пипер
- малку свеж магдонос (или друг зачин по желба)




Начин на подготовка:
Пиперката измијте ја, исчистете ја и исечкајте на крукчиња. Кашкавалот изрендајте го. Тавата за печење намачкајте ја со масло за готвење.
Реклама




Во тавата скршете две јајца и боцнете ја жолчката за да се разлее по целата тава. Одозгора наредете од крукчињата црвена пиперка и наросете од ренданиот кашкавал.
Искршете ги и останатите јајца, боцнете ги и со виљушка распоредете ги јајцата по целата површина на тавата.
Реклама




Рерната загрејте ја на 200 степени. Печете ја тавата околу 15 до 20 минути. Одозгора насосете малку сечкан магдонос и послужете.




Извор: Мигусто.мк