Лесно јадење во кое ќе уживате … Се топи во устата!




Ако сте останале без инспирација и сакате брз и лесен оброк што ќе го израдува целото домаќинство, тогаш овој рецепт е идеален за вас. Речиси секое јадење со тиквички се подготвува брзо, а вкусот секогаш се разликува во зависност од состојките со кои сакате да го збогатите оброкот.




Печени тиквички во рерна со домати и сирење се најдобриот начин да направите вкусно јадење кое ќе ги разбуди сите ваши сетила.
Состојки:
- 4 тиквички
- 4 домати
- 150 гр павлака
- 150 гр сирење
- 2 чешниња лук
- масло за подмачкување
- сол
- зачин
Подготовка:




Измијте ги доматите и тиквичките и исечете ги на прстени, потоа додадете сол и оставете да отстои околу 10 минути. Подмачкајте го огноотпорниот сад со масло, потоа наредете ги тиквичките, потоа доматот. Повторете ја постапката додека не останете без зеленчук.




Посипете со зачин по желба. Исечете го лукот на мали парчиња, потоа измешајте го со кисела павлака и додадете малку сол и зачин. Промешајте, па прелијте врз тиквичките и доматите. Изрендајте го сирењето на големо ренде, а потоа посипете врз подготвеното јадење.




Печете во загреана рерна на 180 степени, 45 минути. Послужете го јадењето топло.
Пријатно!