Печени тиквички полнети со шунка и фета сирење: Лесно се подготвува, лесно се јаде!

Вреди да се проба:

Тиквички, шунка и сирење се главните состојки на ова „фит“ јадење, по што сигурно нема да останете гладни, ниту да потрошите многу време за да го подготвите.

Состојки:

  • 2 тиквички
  • 100 гр шунка
  • 4 лажици
  • томато сос
  • 1/2 главица кромид
  • 150 гр тврдо сирење
  • 100 гр фета сирење
  • маслиново масло
  • свеж магдонос

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Исечете ги тиквичките на половина по должина. Изрежете ги со лажица и премачкајте со пире од домати. Зачувајте го „месото“ што го извадивте. Ставете ги тиквичките во рерна околу 15 минути.

- Advertisement -

Во меѓувреме, исецкајте го кромидот и запржете го на загреано маслиново масло. Кога кромидот ќе омекне, додадете го „месото“ што го извадивте од тиквичките и пржете неколку минути. Тргнете го од оган и оставете малку да се излади, а потоа измешајте со сирење.

Наполнете ги печените тиквички со мешавината која ја подготвивте со тврдо сирење. Изрендајте шунка и посипете ја врз смесата со сирење. Одозгора изрендајте фета сирење и посипете со сецкан магдонос. За повеќе зачинет вкус, можете да додадете и малку мелена лута пиперка во смесата со сирење.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!