Лесно и брзо се подготвува, а вкусот е прекрасен.




Состојки:
- 450 грама тестенини
- 400 грама брокула
- 2 лажици путер
- 30 грама брашно
- 1 мал кромид
- 3 чешниња лук
- 500 мл млеко
- 350 мл супа од зеленчук
- 250 грама рендано чедар сирење
- 100 гр рендан пармезан
- 30 грама сусам
- Зачин
- бибер
Подготовка:




Гответе ги тестенините во солена вода според упатствата на пакувањето. Додадете ја брокулата три минути пред крајот и варете заедно. Кога ќе се сварат, добро процедете ги тестенините.




Растопете го путерот на тивок оган, потоа додадете ситно исечен кромид и лук. Динстајте додека не омекне, па додадете го брашното. Додека мешате, полека додавајте млеко и супа. Оставете го сосот да врие додека не се згусне, повремено мешајќи.




Извадете го сосот од оган, измешајте пармезан и додадете сол и бибер по вкус.
Пренесете ги тестенините и брокулата во голема тава со путер, прелијте ги со сосот и посипете ги со презла.




Печете 20-30 минути во рерна загреана на 200 Целзиусови степени, додека сирењето не се стопи и добие златна боја.
Пријатно!