Печени похувани тиквички со сусам – Крцкаво и вкусно!

Вреди да се проба:

Реклама

Самата подготовка е многу брза и поеднаставна, бидејќи се пече во рерна и не се троши многу масло.

Уживајте во рецептот и комбинирајте го со салати, сосови или прилог од зеленчук.

Реклама

Потребни состојки:

  • 2 средни тиквички,
  • 4 јајца,
  • 150 г пармезан,
  • 3 лажици сусам,
  • 5 лажици презла,
  • 3 лажици брашно,
  • сол
  • масло (2 лажици за цела тепсија)

Постапка:

Тиквичките добро измијте ги и исечете ги на тркалца или надолжно на тенки ленти. Посолете ги и оставете ги малку да ја испуштат течноста од нив. Потоа процедете ги од вишокот течност.

Во еден сад измешајте брашно, презла, пармезан, сусам, а во друг сад изматете ги јајцата и посолете ги. Секоја тиквичка прво потопете ја во јајцата, па во мешавината од пармезан, па повторно во матените јајца и на крај во сувата мешавина.

Реклама

На овој начин ќе го обезбедите надворешниот слој, кој откако ќе се испечат тиквичките ќе им даде дополнителна вкусност и крцкавост. Вака подготвените тиквички редете ги во плех обложен со хартија за печење и малку намастен со четка натопена во масло.

Врз секоја тиквичка ставете по некоја капка масло, па ставете да се печат приближно 20-25 минути во загреана рерна на 200 степени.

Уживајте додека се топли, но и кога ќе изладат се супер.

- Advertisement -

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -