ПЕЧЕНИ ПИПЕРКИ СО КОЛБАСИ: Гурманско јадење кое ќе ги задоволи сите, а поради јајцата и вкусот ќе биде подобар!

Вреди да се проба:

Реклама

Во печениот зеленчук додадете колбаси и јајца и ќе го добиете најдобриот ручек.

Калоричен ручек за целото семејство. Разновидниот зеленчук, јајца и колбаси во оваа комбинација се неверојатно вкусни. Печените пиперки се омилената зимска салата на сите и затоа се незаменливи во секое јадење. Послужете со топли домашни лепчиња за да можете да ги потопите во сокот.

Реклама

Состојки:

  • 700 гр колбас
  • 6 јајца
  • 1 млад кромид
  • 1/2 праз
  • 2 печени модри патлиџани
  • 4-5 печени пиперки
  • 3 рендани домати

Подготовка:

Во тава на малку загреано масло се пржи колбасот по 3 минути од двете страни на средна температура. Откако ќе го извадите колбасот, додадете уште малку масло и во него пропржете го исечканиот кромид и празот.

Додадете печени пиперки, печен модар патлиџан крупно сецкан. Покријте и вриејте 5 минути на тивок оган. Изрендајте ги доматите и додадете ги во тавата. Зачинете по вкус.

Реклама

Кога ќе испари водата од доматите, по 7-8 минути наредете го колбасот исечкан на половина по должината, а помеѓу секое парче колбас се скрши по 1 јајце. Посолете го секое јајце и посипете со пиперка. Покријте и оставете на средна топлина околу 8 минути.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -