Ќе уживате во секој залак.




Состојки:
- 6 пиперки
- 50 мл масло
- сол
- 3 – 4 чешниња лук
- 2 дл кисела павлака
Подготовка:




Измијте ги пиперките, па пробијте на 5-6 места со вилушка. Не ги боцкате малку со врвот, туку ги пробивате целосно, за да не испрскаат од тавата.




Истурете масло во тавата, вклучете средна топлина и ставете ги пиперките. Покријте и оставете десет минути, додека маслото се загрева и се пече од едната страна. Свртете ги пиперките и печете од сите страни.




Кога пиперките се готови, тргнете ги од оган, фатете ја секоја за дршката и исечете ја од средината надолу, така што сокот ќе излезе во тавата или некое друго јадење што ќе го одберете.




Одделно измешајте кисела павлака, лук и сол, потоа ставете лажица бибер. Ова ставете го во тавата со пиперките и вратете на оган 5 минути, пржете ги пиперките така што киселата павлака ќе се измеша со сокот што го испуштиле пиперките.




Пријатно!