Печени панирани тиквички со пармезан

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Во топлите, летни денови добредојдени ни се едноставни, лесни рецепти со сезонски зеленчуци. Па, еве токму таков рецепт за печени панирани тиквички со пармезан.

Овие панирани тиквички се актуелни и хит ширум светот, а сега можеме да ги пробаме и ние.

Состојки:

  • 2 тиквички
  • 1 чаша брашно
  • 2 до 3 големи јајца
  • 2 чаши лебни трошки
  • ½ чаша рендан пармезан
  • 1 лажица оригано
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

Тиквичките се мијат и се сечкаат на кругови со дебелина од 5 до 6 мм. Се поросуваат со сол и се оставаат врз кујнска хартија за време од 20 минути. Оваа постапка е важна за да испуштат тиквичките вода.

- Advertisement -

Рерната се загрева на 200 степени.

Голема тава се обложува со хартија за печење.

Лебните трошки, пармезанот, ориганото, мелениот црн пипер и солта се ставаат во длабок сад. Се мешаат со лажица за да се соединат.

Во друга длабока чинија се матат јајцата со виљушка. Се зачинуваат по вкус.

Брашното се става во плитка чинија.

Штом тиквичките ја испуштиле водата, започнуваме да ги панираме. Прво ги валкаме во брашното, потоа во изматените јајца и на крај во смесата со лебни трошки.

Ги редиме во тавата. Штом завршиме со панирањето, тиквичките ги ставаме да се печат за време од 20 до 30 минути, или додека добијат златеста боја и станат крцкави.

Печените тиквички се вадат од тавата и се служат веднаш, додека се топли. Ако се изладат ќе го изгубат крцкавиот вкус.

Топлите панирани тиквички со пармезан се служат со свежа салата, млечен или тартар сос.

На здравје!

- Advertisement -

Последни рецепти

ИДЕАЛНА ЗА ПОЈАДОК ИЛИ ВЕЧЕРА: Француска пита со сланина!

Повкусно не сте пробале. Состојки: 300 гр праз 600 гр излупени компири 100 гр чадена сланина 250 грама брашно 150 мл вода 100 мл бело...

Кремасти тестенини во сос од спанаќ: Никој нема да им одолее!

Доколку немате многу време за подготовка на ручек, подгответе го ова исклучително вкусно и брзо јадење. Нема да вкусите ништо похранливо од тестенини со...

Едноставна супа од брокула: Минимално калории, максимално здравје!

За студените зимски денови најдобро е секој ден да подготвувате топла супа. Денеска предлагаме да биде супа од брокула Брокулата е една од најздравите намирници,...

МАКЕДОНСКИ КОЛАЧ: ПОСЕН, СОЧЕН десерт кој се топи во уста!

Во посните денови не треба да заборавиме на слатките, па затоа ви пренесуваме рецепт за македонска посна торта Состојки: 3 чаши брашно 2 чаши гриз ...

РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: МОНАШКО ВАРИВО од рерна – посно или мрсно, одлучете сами!

Монашка чорба од манастирот Рукумија има своја посна и мрсна варијанта, а на вас е да одлучите како ќе ја приготвите. Состојки: Мешавина за ќофтиња: 500-700...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!