Крофните може да се печат и во рерна, а како – погледнете во текстот.
Состојки:
- 200 милилитри млеко
- 10 гр квасец
- 1 лажичка шеќер
- 30 милилитри маслиново масло
- 3 јајца
- 400-450 гр брашно
- малку сол
- кора од лимон
За фил:
- Advertisement -
- Џем и посипете со шеќер во прав
Подготовка:
Скршете го квасецот во млако млеко, а потоа додадете шеќер. Кога ќе стане пенесто , ставете го во сад и додадете ги јајцата. Потоа додадете масло, кора од лимон, брашно и сол и замесете помеко тесто. Покријте да одмори 30 минути.
Расукајте го тестото и извадете кругчиња со калапот за крофни и наредете ги на плех. Покријте со крпа да стасаат малку. Печете на 180 степени C 30 минути. Покријте ги повторно да се изладат, а потоа ставете малку џем во средината и посипете ги со шеќер во прав.
Пријатно!