Пециво од лиснато тесто: Полнето со спанаќ и сирење, готово за половина час!

Вреди да се проба:

Реклама

Лесно се прави, а вкусно е. Направете го ова полнето лиснато тесто.

Лиснатото тесто е најбрзо за подготовка на вашите омилени пецива. За појадок ви предлагаме да го наполните со сирење и спанаќ – ќе биде поубаво од пекара, а целото семејство ќе ужива.

Реклама

Состојки:

  • 500 гр лиснато тесто
  • 300 гр крем сирење
  • 200 гр кашкавал
  • 200 гр спанаќ
  • 1 јајце
  • 2 жолчки

Подготовка:

Лиснатото тесто поделете го на два дела. За филот во сад изматете го крем сирењето со едно јајце, и во истата смеса додадете го и исечканиот спанаќ.

Во плех за печење поставете хартија за печење а одозгора едната половина од тестото во големина на плехот. Изматете ги двете жолчки во сад па со нив премачкајте ги краевите на кората. Кората/тестото посипете го со половина рендан кашкавал па одозгора ставете ја смесата која претходно ја подготвивте и на крај завршете повторно со рендан кашкавал.

Реклама

Пред да го ставите остатокот од лиснатото тесто на страна исечете го по средината на ленти кои не одат до рабовите, потоа преклопете ја првата кора во плехот. Убаво зацврстете ги рабовите една со друга кора и одозгора премачкајте со жолчка.

Печете го пецивото во претходно загреана рерна на 200 степени, 30 минути.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -