ПЕКАРСКИ КОМПИР: Подготвен како во ресторан, се топи во уста!

Вреди да се проба:

Сладок пекарски компир, кој се топи во уста. Со овој рецепт не ви треба главно јадење.

Состојки:

  • 1,5 кг компири
  • 1 кромид
  • масло
  • сол, бибер
  • дополнително: парче сланина, прстени од колбаси

Подготовка:

Излупете ги компирите и исечете ги на кругчиња дебели 5 мм. Ставете ги во тава, додајте го исчистениот и сецкан кромид на кругови. Додадете сол и бибер, а потоа измешајте директно во тавата.

- Advertisement -

Попрскајте ги одозгора со масло над компирот, додадете сланина сечена на ченти, колбас на кругчиња по желба. Истурете 1 чаша вода над се. Печете во загреана рерна на 200 степени 45 минути (проверете дали компирот е печен). Послужете како гарнир или како главно јадење со сирење или салата.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!