Научете да правите пецива подобро отколку во пекара.




Состојки:
- 200 мл млеко
- 50 гр стопен путер
- 15 гр квасец
- 1 јајце + 1 жолчка
- 1 лажичка шеќер
- 550-600 гр брашно
Полнење:
- 150 гр сирење
- 1 белка од јајце
Облога:
- 1 жолчка од јајце
- малку сусам, крупна сол
Подготовка:




Квасецот потопете го во малку млака вода, додадете шеќер. Кога ќе нарасне квасецот, додадете ги јајцето и жолчката, растопениот путер, млекото, брашното, солта и замесете помеко мазно тесто. Покријте да нарасне, потоа расукајте го тестото на масата и извадете форми со чаша.




Скршете го сирењето, додадете ги белките и изматете. Во секоја крофна ставете по една лажичка сирење и свиткајте ги и притиснете ги рабовите. Ако имате калап за панцероти ќе ви олесни.




Се редат во намрсено тавче и се покрива да стаса. Вклучете ја рерната на 200 степени и премачкајте ги палачинките со жолчка и посипете ги со семки и крупна сол. Печете околу 25-30 минути на 180 степени додека убаво порумени.




Покријте го печеното со крпа за малку да омекне.
Пријатно!