Реклама
Ви подготвивме еден едноставен рецепт за малку поинаква палачинка, идеална за доручек и вечера.




Состојки:
- 7 компири
- 1 кромид
- 500 гр мелено говедско месо
- 25 гр путер
- 160 гр брашно
- 1 јајце
- сол и бибер
- малку масло




Подготовка:
Сварете го компирот, а потоа измесете го вареното тесто од компир на кое ќе додадете јајце, путер, брашно, сол и бибер.
Реклама




Во тава пржете го говедското и кромидот.
Сега од тестото од компир правете топчиња кои ќе ги полните со фил од говедското, затворете ги убаво и малку расплескајте да бидат како палачинки. Месото ќе остане внатре.
Реклама




Пржете ги палачинките во тава во која сте ставиле масло. Пржете од двете страни убаво.
На здравје!