Вкусни меки колачиња падобранци.
Состојки:
Тесто:
- 4 белки
- 200 гр шеќер
- 150 гр мелени ореви
- 1 лажица презла
Фил:
- 4 жолчки
- 100 гр шеќер во прав
- 100 гр путер
- 100 гр чоколадо за готвење
Подготовка:
Изматете ги белките со неколку капки лимон или оцет додека не почнат да се згуснуваат. Додадете шеќер и продолжете да матите, се додека снегот не стане релативно цврст. Во изматениот снег, додадете мелени ореви измешани со презла и измешајте со шпатула за да направите хомогена смеса.
Подгответе го плехот со хартијата за печење (ќе бидат потребни два плеха). Истурете малку од смесата со лажица или шприц за обликување, правејќи кругови со дијаметар од околу 3 см и висина од околу 1-1,5 см. Направете простор помеѓу круговите.
Печете во загреана рерна на 150 степени околу 22 минути – во зависност од видот на рерната. Тие треба да бидат крцкави однадвор и да останат малку лепливи одвнатре. Оставете ги печените колачиња да се изладат целосно на плехот пред да ги извадите од хартијата за печење.
За филот, изматете ги шеќерот во прав и жолчките, па потоа ставете ги во сад што ќе го ставите над зовриена вода (на пареа) или ќе ги готвите на многу ниска температура директно на плочата за готвење. Мешајте цело време, додека жолчките не почнат да се згуснуваат (неколку минути). Додадете путер, тргнете го од оган и продолжете да мешате. На крај додадете го чоколадото и промешајте да се стопи.
Нанесете малку фил на оладените колачиња, па преклопете со друго колаче. Повторете го процесот додека нема состојки. Чувајте ги на ладно место (по можност надвор од фрижидер) во добро затворен сад.
Уживајте!