Откриен строго чуван рецепт за БАУНТИ чоколади! Веќе не мора да ги купувате, направете ги сами!

Вреди да се проба:

Слатко задоволство кое ќе ви ја стопли душата. Познатите баунти чоколади, направете ги дома.

Состојки:

  • 200 гр кокос
  • 100мл слатка павлака
  • 70гр шеќер во прав
  • 70гр путер
  • 200 гр чоколадо за готвење

Подготовка:

Истурете кокос и шеќер во прав во сад и измешајте. Загрејте ја слатката павлака и путерот во тава на тивок оган додека путерот целосно не се стопи.

- Advertisement -

Оставете ја добиената смеса да се излади, а потоа прелијте ги кокосот и шеќерот во прав. Месете ја тврдата смеса.

Како резултат на мешавината можете да ја обликувате на два начина: првиот и полесен начин е да ја ставите смесата на послужавник и да ги исечете како за бајадера. Друг начин е да ги обликувате со вашите раце. Без разлика дали ќе изберете полесен или потежок начин на обликување, треба да ја ставите смесата во фрижидер да се стврдне.

Откако ќе се изладат, истурете стопено чоколадо врз изладените стапчиња, односно потопете ги во чоколадо, а потоа повторно ставете ги во фрижидер да се стврднат.

На здравје!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!