Оваа пита малку потсеќа на пица или француски киш. Рецептот потекнува од дамнешно време, од Врбовачкиот крај на Србија, кога лебот се печел во големи фурни на дрва. Некогаш вештите домаќинки од тестото за леб знаеле да приготват слатки деликатеси.
Кога се подготвувало тестото за леб, домаќинките знеле да расукаат тенко тесто директно на лопатката за леб, го филувале со свежо сирење и павлака, со додавање на царевичнно брашно за да не се разлева.
Сето тоа го преливале со павлака и јајце, рабовите ги преклопувале на внатре со формирање венец во круг и така ги ставале да се печат во фурна. Сето тоа го правеле пред печење на лебот. Така настанала отворената пита, налик на италијанска пица или француски киш лорен.
Потребни состојки:
За тесто:
- 300 гр. брашно
- 200 мл. млеко
- половина свеж квасец
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка маст
- пола лажичка сол
За фил:
- 400 гр. свежо сирење
- 150 гр. кисела павлака
- 1 јајце
- 1 белка
- 2 лажици царевично брашно
- 1 лажичка сол
За прелив:
- 1 жолчка
- 50 гр. кисела павлака
Подготовка:
Квасецот ставете го во топло млеко и додадете една лажичка шеќер и малку брашно. Добро измешајте го и оставете да нарасне.
Во длабок сад измешајте го брашното со сол, додадете една лажичка маст заедно со надојдениот квасец. Замесете меко тесто и оставете го на топло место околу пола час да нарасне.
За тоа време направете го филот. Помешајте сирење, павлака, едно цело јајце, една белка и царевично брашно. Посолете по вкус.
Нараснатото тесто премесете го, па развијте го во кружен плех со дебелина околу еден сантиметар. Врз него распоредете го филот од сирење, преклопете ги краевите преку филот, формирајќи венец со вртење во круг по ивиците од плехот.
На крај преку филот во средина прелијте една матена жолчка помешана со кисела павлака.
Печете во загреана рерна на 220 степени, се додека не порумени.
Пријатен апетит!