ОСНОВЕН РЕЦЕПТ за СОС ОД ПЕЧУРКИ: Одлично оди со стек и тестенини!

Вреди да се проба:

Реклама

Сосот од печурки му дава посебен вкус на месото.

Сосот од печурки е еден од наједноставните, бидејќи дури и почетниците во кујната можат да го подготват. Во сосот не се додава брашно, а вкусот ќе го збогати со разни видови месо или други јадења. Впрочем, за најлесна варијанта, можете да го комбинирате со тестенини.

Реклама

Состојки:

  • 50 мл масло или путер
  • 400 гр свежи печурки (поголемо пакување)
  • сол, бибер, сушен магдонос
  • 500 мл павлака за готвење (од кои 150 мл ќе потрошите за погуст сос или 300 –
  • 400 за полесен)

Подготовка:

Најпрво подгответе подлабоко тавче или тавче за да ви собере се. Загрејте масло или путер. Додадете рендани или тенко исечени печурки. Посолете ги за да се ослободи вишокот вода, па варете додека не испари вишокот вода.

Потоа се прелива неутрална павлака, околу 150 мл и се промешува, па се додаваат зачините. Потоа проценете уште колку павлака сакате а количината на павлаката прилагодете ја на тоа дали сосот ќе го користите за полнење нешто или за преливање на месо по сервирањето. Односно дали сакате да биде поредок или погуст.

Реклама

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -