Освежителна салата со макарони, јогурт и зеленчук: Се подготвува брзо и едноставно!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Оваа салата се состои од доста зеленчук, а јогуртот и дава еден преубав освежителен вкус. Оваа салата со тестенини се приготвува многу брзо и едноставно, а одлична е како прилог на главното јадење но и како оброк салата.

Потребни состојки:

  • 400 г тестенини,
  • 1 главица црвен кромид (може и обичен),
  • 1-2 чешниња лук,
  • 1 морков,
  • 3-4 кисели краставички,
  • 1 филџан пченка „шеќерец“,
  • 1 чаша јогурт од 180 г,
  • сол по вкус,
  • 150-200 г фета сирење,
  • 2 варени јајца,
  • свеж магдонос,
  • слатка зачинска пиперка

Подготовка:

Во едно длабоко тенџере ставете доста вода, па ставете го на рингла и загревајте го додека да зоврие. Во водата додајте малку сол. Во меѓувреме додека чекате да зоврие водата, пригответе го зеленчукот. Измијте го морковот, излупете го и исечкајте на тркалца или коцкички.

- Advertisement -

Кромидот излупете го, па и него исечкајте го на ситни коцкички. Ситно исечкајте и три или четири кисели краставички од тегла. За тоа време водата во тенџерето би требало да зоврие, па додајте ги тестините и варете ги ал денте, во времетраење според ознаката на амбалажата.

Додајте го и сечканиот морков да се вари заедно со тестенините. Потребно е само повремено (од време навреме да се промеша). Во меѓувреме во помало тенџерче или во ѓезве ставете да се вари и една кафена шолја пченка „шеќерец”.

Сварените тестенини исперете ги под млаз ладна вода и добро процедете ги. Тестенините заедно со морковите ставете ги во посебен стаклен (декоративен) сад. Потоа додајте ги сечканите кисели краставички и сечканиот кромид.

Промешајте ги тестенините со лажица. На крај додајте ја варената пченка која претходно исто така, сте ја испрале и исцедиле со ладна вода. Откако добро ќе ја промешате салатата, одозгора прелијте ја со една чаша од 180 г течен јогурт (може да додадете и повеќе ако ја сакате посочна).

Одозгора изрендајте околу 150 г фета сирење, а може и некое друго сирење по ваш вкус. Откако повторно ќе ја промешате салатата, ќе ви преостанат да додадете уште неколку состојки. Едно или две чешниња лук истиснете ги низ преса или многу ситно исечкајте ги.

Потоа посолете и додајте ги тврдо варените јајца исечкани на тркалца (или коцки, како вие сакате). Промешајте добро за да се распоредат рамномерно состојките, па со хартиена салветка избришете го садот по ѕидовите од страна.

Одозгора декорирајте со неколку кругови варени јајца и неколку листови свеж магдонос. На неколку места малку наросете црвена слатка зачинска пиперка во прав.

- Advertisement -

Последни рецепти

Домашен леб како од пекара, рецепт од познатиот готвач – крцкав однадвор, внатре мек како душа

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак...

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!